Мозокот на мајките и трудниците се подмладува

Тазе мајките, па и трудниците често ќе ги слушнете како се жалат на заборавеност или расеаност поради хормоните или недостатокот на сон. Но, ново истражување спроведено во Норвешка покажува дека всушност мозокот на мајките се подмладува.
Жените кои раѓаат деца имаат мозок помлад од нивната вистинска возраст, тоа е така благодарение на естрогенот кој се излачува во текот на бременоста.


„Кога го набљудуваме начинот на кој мозокот старее забележуваме многу важна разлика меѓу мозокот на жените кои родиле и оние кои не родиле. Скенирањата покажаа дека нивниот мозок е помлад за шест месеци во однос на нивата вистинска возраст, што значи дека бременоста ги подмладила“, вели докторката Ен-Мари де Ланг од Универзитетот во Осло.
Истражувањето опфатило 12.000 жени во средно доба, од кои 9.500 имале деца. Научниците ја набљудувале масата на нивниот мозок и количината на сивите клетки и утврдиле дека мозокот на мајките биолошки делува помладо покрај промените предизвикани од бременоста и одгледувањето на детето.
„Жените кои родиле со децении подоцна го чувствувале дејството на тоа искуство. Хормоните и промените во имунитетот во текот на бременоста имаат заштитничко дејство на мозокот“, заклучува докторката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.