Моите противкандидати се сијамски близнаци


Кандидатката за претседател, Билјана Ванковска, која е поддржана од Левица, својата изборна програма вечерва ја претстави на митинг во Кавадарци.

На митингот зборуваше и претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој се осврна на, како што рече, она што ни го продаваат како европски вредности.

Ванковска во својот говор посочи зошто таа е подобар избор од нејзините противкандидати.

Фото: МИА

„Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат ‘ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца’. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација. Сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци“,

рече таа.

Апасиев истакна дека западните општества кои се декларираат како најдемократски, во моментов се општества на бездомници, општества со најголем број затвори и затвореници, општества со луѓе кои немаат здравствена заштита.

„Ова ли се тие општества кон кои ние стремиме? Ова ли се тие вредности? Само оној кој не гледа подалеку од носот, нема алтернатива“,  

порача тој.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: