недела, 15 ноември 2026
Најново

Молотов коктел фрлен на автомобил на Србинка во Косово која е член на изборната комисија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на ноќта непознати лица фрлиле молотов коктел пред семејната куќа на Петар Поповиќ во Ранилуг, чија сопруга Александра е член на општинската изборна комисија на претстојните избори, објави Српска листа во Косово.
Од експлозијата целосно изгоре семејниот автомобил на Поповиќ, се посочува во соопштението.

„Несомнено, ова е политички мотивиран напад и обид за заплашување на членовите на изборните одбори на Српската листа, со цел да се одвлече вниманието од следење и контрола на изборите, со цел да се фаворизираат некои други партии фаворизирани од Приштина. „Кога не успеаја да и забранат на Српската листа да учествува на изборите, кога не обесхрабрија со узурпирање на места во избирачките одбори, сега почнаа физички да се закануваат и да ги напаѓаат нашите претставници“, велат од Српската листа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Расте стравот од победата на Српската листа и српското единство на претстојните избори, а ваквите криминални дела само го потврдуваат тоа, се додава во соопштението.

За сите нив имаме една порака – не не исплашивте и нема да не исплашите или оттргнете од борбата за подобро утре“, се заклучува во соопштението.

Поврзани вести