На денот кога папата Бенедикт XVI реши да се повлече, куполата на базиликата „Свети Петар“ во ватикан била погодена од молња, пренесуваат светските медиуми.
Фотографијата на молња што удира во куполата на своите страници ја објави италијанската агенција АНСА, по што таа се прошири по друштвените мрежи со брзина на молња.За потсетување, Папата Бенедикт XVI одлучи да се повлече од функцијата поглавар на римокатоличката црква.Веста која беше одненадеж објавена предизвика неверување во црковните редови, но и во целиот свет.За тоа не знаеле ни неговите најблиски соработници.Како причина за заминувањето на Папата кој има 85 години, наведена е неговата здравствена состојба, но еден од кардиналите потоа изјави дека не е здравствената состојба туку изнемоштеноста на Папата.
Макфакс
На денот кога папата Бенедикт XVI реши да се повлече, куполата на базиликата &bd