Момци имаме одлични вести за вас: Гледањето во женски гради ќе ви помогне подолго да живеете

Само 10-минутно гледање во женски гради за мажите има ист ефект како и 30-минутни аеробик вежби, тврди д-р Карен Ветербај.
Едно необично истражување што било спроведено на 200 испитаника во три германски болници дошло до многу интересни резултати. Половина од испитаниците гледале во женски гради, додека пак другата половина се воздржувала од тоа. На крајот од истражувањето, научниците заклучиле дека гледањето во женско деколте им го намалува крвниот притисок на мажите и го намалува ризикот да заболат од кардиоваскуларни болести. 
Научниците веруваат дека сексуалната желба ја зголемува циркулацијата на крвта, којашто потоа води кон подобрување на општото здравје. Сексуалното возбудување го тера срцето побрзо да чука и ја подобрува циркулацијата. Ако тоа се случува редовно, мажот може да живее и 4-5 години подолго.
Покрај гледањето во градите, слични истражувања покажале дека мажите можат да си го продолжат животот на уште неколку начини. Тие вклучуваат повеќе секс, брак, деца, одговорност и малку покачена телесна тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.