Момчето кое за 18 секунди ѝ побегна на Барса во јануари, сепак доаѓа

Баксузниот тинејџер, Хулијан Араухо, кој на 31 јануари не направи трансфер во Барселона затоа што здоцни 18 секунди, сепак ќе ја исполни својата кариерна желба и ќе пристигне во каталонската престолнина.

Араухо доаѓа утре, меѓутоа во Барселона Б, бидејќи првиот тим, се разбира, нема право повеќе да регистрира нови играчи. Тој беше желба на Чави Ернандес како освежување на десната бековска позиција, меѓутоа Барса не успеа да го купи од бизарна причина, затоа што задоцни 18 секунди по трансфер рокот, поради компјутерска грешка.

Пронајдете не на следниве мрежи: