Бизнисменот Богдан Срејовиќ се најде во центарот на вниманието на медиумите откако се дозна за неговата врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Оттогаш, се следи секој негов чекор, како и секој негов пост на социјалните мрежи.
Неговите најнови објави привлекоа големо внимание во јавноста. Имено, момчето на Цеца, Богдан, кој е осум години помлад од неа, објави фотографија од теретана каде позира во маица без ракави, па така до израз доаѓаат неговите силни бицепси и трицепси.