Момчето со изгореници испратено на лекување во Софија

Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот, информира Министерството за здравство. Се работи за болницата “Пирогов“ во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од Брзата помош и заминати се во болницата “Пирогов“.
Повреденото момче движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобило со изгореници од струен удар.
-Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението на Министерството.
На социјалните мрежи се ширеа барања за помош за превоз на момчето, а во дел од нив се наведуваше дека министерот за здравство, Венко Филипче бил на продолжен викенд и поради тоа не можел да даде дозвола. Ваквата дезинформација од Министерството за здравство ја отфрлија и наведоа дека е неточна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.