22 годишната Бразилка Мелиса Генц објави на својот Инстаграм профил фотографии што настанале штокако нејзиното момче, 25 годишниот Ерик Бретц дивјачки ја претепал откако на социјалната мрежа објавила фотографија на која се надзира деколтето, пишува Сан.
На фотографиите може да се види дека Генц од ударите кои и ги задал Ерик добила исеченица преку челото над левото око и поголема модрица околу левото око.
Генц исто така објавила фотографија со прамен од својата коса кој тој наводно и го искорнал при нападот.
Бразилката на полицијата и кажала дека нејзиното момче ја фрлило на под, ја удрил со нога во глава, ја гушел со нозете која ја свртел околу нејзиниот врат и ја удрил со шише во чело.
-Морам повторно да ја објавам оваа фотографија затоа што моето поранешно момче ја избриша без јас тоа да го видам. Ми кажа дека девојки во врска не можат на Инстаграм да имаат фотографии на кои се гледаат градите, напишала Генц на Инстаграм, каде ја објавила фотографијата која наводно го испровоцирала Ерик, со кого јасно веднаш ја прекинала врската.
-Се почна со приговорите на мојата Инстаграм фотографија. Потоа приговараше на коментарите, потоа на пораките кои ги примам. Потоа еден ден повлече за коса и ми кажа дека морам да ја прифатам таа реалност затоа што сум жена во врска. Ги молам сите жени да соберат сила и храброст да ги завршат злоставувачките врски како мојата последна, додала Генц, за потоа да објави и звучен напис во кој може да се слушне како Бретц и говори дека „не прифаќа маж кој е над неа доминантен“.
Актерката и манекенката Луиз Брунет исто така објавила неколку фотографии од повредената Мелиса Генц со зборовите:
-Жени, во името на Бог, обратете внимание на знаците. За љубов Божја, да се соединиме, време е.
Генц, инаку студентка на студии за биологија и генетика на универзитетот во Јужна Флорида и Бретц, професионален мотокрос возач, според пишувањето на одредени медиуми син на милионер и еден од најбогатите Бразилци, сопственик на еден од тамошните ланци супер маркети, биле во врска три месеци пред Ерик на 23 септември, наводно да ја претепал.
Според полицискиот извештај, караницата меѓу партнерите започнала нешто пред 4 часот наутро, откако Бретс ги испил своите лекови за несоница, заедно со четири пива и три четвртини шише вино.
Генц тогаш вербално го нападнала Бретц, кој потоа станал ансилен, што на крај довело до негово апсење. Бретц демантирал се што му се става на терет, па два дена по апсењето е пуштен од затвор затоа што платил кауција од 60 илјади евра.