Полицијата уапсила двајца тинејџери осомничени дека убиле момче (14) во петокот кога се враќало од тренинг.Според медиумите, осомничените момчиња денеска биле изведени во обвинителството, а за малолетниците станува збор веќе познати на органите на прогонот.Француската полиција уапси тинејџер по брутално убиство во Париз.Убиеното момче се викало Елијас. Околу 20,00 часот кога излегувал од тренинг во 14-тиот арондисман, го нападнале и му го побарале мобилниот телефон. Кога тој одбил да им го предаде телефонот на разбојниците, тие го избоделе. И покрај напорите на лекарите, момчето им подлегна на повредите во саботата во болница.Полицијата набрзо по инцидентот успеала да ги уапси убијците, момчињата се на 16 и 17 години и живеат во 14-тиот арондисман. По приведувањето им е одредена мерка притвор.Како што соопшти обвинителството, осомничените малолетници родени во мај 2007 и август 2008 година се стари познаници на судството. Еднаш, во декември 2023 година, им биле изречени мерки за кражба и изнуда. Тие беа во суд и на 30 октомври минатата година за насилен грабеж, а судењето за тој случај беше закажано за јуни годинава.Оттогаш на двајцата малолетници им е изречена забрана за меѓусебно контактирање. Сепак, тие биле заедно кога го нападнале и го избоделе младиот Елиас.
Пронајдете не на следниве мрежи:



