Дизниленд е идеално место за многумина за запросување на својот партнер, но еден пар се нашол во навистина уникатна ситуација.
Имено, на видеото кое овие денови кружи на Инстаграм, една девојка одлучила да го запроси своето момче, но не знаела дека тој имал идентичен план.
Девојката клекнала пред момчето и извадила прстен, а тој започнал да се смее и потоа го извадил својот прстен и клекнал пред неа. Двајцата кажале „да“ еден на друг, се прегрнале и бакнале со громогласна поддршка од пријателите кои биле со нив, а постојано биле во неверување поради тоа што плановите им се поклопиле.
Видеото стана голем хит на Инстаграм и досега има 425 илјади лајкови и мноштво коментари, а издвојуваме дел од нив во продолжение:
„Тие се навистина сродни души“, „Создадени се еден за друг“, „Ова е добар знак дека ќе им биде убаво во животот“, „Ми го разубавија денот“, се дел од коментарите под видеото.