Момче на интернет објави шокантна вест

Веста за момчето кое објави на интернет дека ќе си го одземе животот, натера голем број на луѓе да му напишат над 2 000 утешителни писма кои го одвратија од идејата за самоубиство.
Ноа Броклбенк (13) неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објавил фотографија со повреда која самиот си ја нанел, а потоа напишал дека планира да изврши самоубиство. Како причина за таквиот драстичен потег момчето го навело малтретирањето во училиште.
Според неговите зборови, во училиштето го нарекувале “дебел”, “грд”, “здодевен”, поради што тој, заедно со депресијата од која страдал, го навела да крене рака на себе.
Кога неговата мајка ја видела сликата со повредата на рацете, веднаш изреагирала и го сместила во болница, каде Ное бил задржан осум дена.
Во меѓувреме, мајката ја раширила оваа приказна, замолувајќи ги пријателите на момчето да напишат. “Бев очајна. Беше тоа молба за живот”.
Наскоро на неговата адреса пристигнале над 2.000 писма од целиот свет, кои му нуделе охрабрувачки зборови, со цел да заборави на самоубиствените мисли.
Момчето се откажало од само-деструктивните намери, и вели дека вербата во луѓето му е обновена. “Бев фокусиран на лошата страна на човештвото, како силеџиите во училиште. А тогаш сфатив дека постојат и добри луѓе кои можат да станат мои пријатели”, вели Ноа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Веста за момчето кое објави на интернет дека ќе си го одземе животот, натера голем број на луѓе да му напишат на

Пронајдете не на следниве мрежи: