Момче се жалело дека не може да дише, кога ја погледнале снимката не можеле да поверуваат

Кинески лекари се шокирале кога го прегледале пациентот кој се жалел дека не може да дише и дека чувствува болка во градите.
Имено, на рентген забележале лажица долга 20 сантиметри во грлото на мажот, а што е најчудно, таа тука била речиси година дена, а момчето немал никакви пречки.
Момчето им раскажало на лекарите дека сакало да ги импресионира пријателите со голтање на пробор за јадење, и се било во „ред“ се додека неодамна не ги удрил градите.


На лекарите им требало два часа да ја отстранат лажицата од хранопроводникот на човекот кој се превиткувал во болки, но на крајот се излегло како што треба.
Еден од лекарите рекол дека никогаш не видел вакво нешто и додал дека момчето имало многу среќа зошто голтањето на толку големи предмети е опасно по живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.