Момче со тешка повреда на работно место пренесено на Клиника

Гостиварец се здобил со тешка повреда на работно место и веднаш бил пренесен во комплексот клиники во Скопје, информира МВР.
„Вчера во 22:55 часот во СВР Тетово било пријавено дека во фирма за градежни материјали во Гостивар, 22-годишниот Т.Т. од Гостивар додека извршувал работа на машина, се здобил со тешка телесна повреда во пределот на десната рака и истиот бил пренесен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар“, соопштуваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: