МОМЧЕ ТВРДИ ДЕКА Е ПАТНИК НИЗ ВРЕМЕТО И ДОАЃА ОД 2030 ГОДИНА: ПОЛИГРАФОТ ПОТВРДИ ДЕКА ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА

Луѓето ќе стапнат на Марс во 2028 година, а истата година ќе ја откријат можноста за патување низ времето.
Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател на САД, а со светот ќе завладее вештачката интелигенција, тврди временскиот патник Ноа, кој кажува дека доаѓа од 2030 година.
Во видеото објавено на Youtube, момчето чиј глас и лик се изменети со цел да се заштитит неговиот идентитет, истакнува дека го ризикувал животот за да патува низ времето и на луѓето да им каже што им носи иднината.
Меѓу останатото предвидува дека Google ќе развие роботи кои ќе се прошират низ целиот свет, а виртуелната валута Биткоин ќе стане многу популарна. Сепак истакнува и дека другите пари ќе останат во употреба.
Тој кажува дека во 2030 година, САД ќе биде предводен од мистериозна жена по има Илана Ремике. До 2028 година луѓето ќе стигнат на Марс, а истата година ќе ја откријат можноста за патување низ времето. Тој истакнува дека за многу видови тумор до тогаш ќе биде пронајден лекот.
На почетокот од интервјуто кое го дал за страницата Paranormal Elite, Ноа изјавил дека боледува од анорексија и дека има 50 години, но земал лек за подмладување.
Очекувано, реакциите на неговите тврдења наишле на неодобрување и скептицизам, па тој одлучил да седне на детекторот за лаги. За чудо успеал да го помине и тоа пред камери.
Снимката објавена на Youtube прикажува како тој седи со замаглено лице прикачен на полиграф. Прашан е да го потврди својот идентитет и да предвиди неколку случувања во иднината.
“Дали навистина си патувал низ времето и си дошол од 2030 година?” било едното прашање на кое одговорил потврдно и на екранот се појавил одговор “да”. Но во ниту еден момент на екранот не се појавува и детекторот.
Погледнете го видеото

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.