15-годишно момче почина откако беше избодено со нож пред училиште во Лидс.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на злосторството и привела двајца тинејџери.
- Хороскопски знаци кои никогаш не ги изневеруваат партнерите
- Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани
- САД најавуваат воена помош од 425 милиони долари за Украина
- Блокада на булеварот Борис Трајковски од жителите на Кисела Вода
- Студент си го убил цимерот и го изел: Поминаа 12 години од злосторството кое ја шокираше јавноста, еве како се бранеше убиецот (видео)
- Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски
- Уапсен Турчин фатен како криумчари мигранти
- Путин до Шолц: „Украинската криза произлегува од долгогодишната политика на НАТО“
- Што се случува на Чаир? Шкупи не тренира – дали се распаѓа?
Директорот на училиштето Пол Бел изјавил дека жртвата е поранешен ученик во училиштето.
Семејството на момчето е информирано за несреќата, пишува Sky news.
„Нашата истрага сега е во рана фаза и спроведуваме опсежна истрага за да утврдиме што точно доведе до оваа непотребна загуба на животот на еден млад човек. Го разбираме огромното влијание и големиот шок што овој трагичен инцидент ќе го има врз локалната заедница. Веќе разговаравме со голем број сведоци и би сакале да ce слушнеме со секој кој има информации за инцидентот“, соопшти полицијата.
Полицијата го блокираше просторот околу училиштето додека трае истрагата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.