Падот на момчето (2) бил амортизиран со тенда поставена на влезот од станбениот блок.Момче (2) додека си играло со својата сестра паднало од прозорец на стан во Клуж-Напока, Романија , а за жал мајка му не ги слушнала бидејќи е глувонема.Жената не успеала да го слушне моментот кога братот и сестрата го отвориле прозорецот од собата, по што дошло до оваа несреќа.Падот на малото дете бил амортизиран со тенда поставена на влезот од станбениот блок.Пожарникарите веднаш по пријавата излегле и интервенирале во улицата Муресулуи.Девојчето ги замолило соседите да се јават на 112, бидејќи нејзината мајка не можела да зборува.Детето било преземено од екипа на Брза помош, а потоа е пренесено во болница на преглед и понатамошно лекување. Лекарите велат дека бил свесен и дека соработувал, пренесува Информер .
Пронајдете не на следниве мрежи: