Приказната е снимена во Националниот парк Матуадона во Зимбабве, познат по големиот број лавови, слонови, црни носорози и други диви животни.Тинотенда Пуду (8) залутал дури 23 километри од својот дом, во оддалечена заедница во близина на вештачкото езеро Кариба и завршил во споменатиот парк. Таму помина пет дена и преживеа неверојатна авантура.Копање мали бунариДодека траеше потрагата, малото момче спиело на карпи, опкружено со лавови и слонови и се хранело со шумски плодови. Тој преживеал користејќи го своето знаење за дивината.Освен тоа, со стап ископал мали бунари во сувото корито и на тој начин наоѓал вода за пиење, пренесува NDTV.Спасувачите ја обиколиле огромната површина и лупале со тапани за да го повикаат момчето, но залудно. Се веруваше дека нема да може да преживее.
8 Year-Old Boy survives 5 Days in a Lion inhabited Gamepark pic.twitter.com/IHvDSsdMD8— Goddie (@Goddie_Ke) January 2, 2025
„Последна шанса“На петтиот ден од неговото исчезнување, Тинотенда слушнал звук на автомобил управуван од ренџери и трчал по него. Нашле свежи човечки стапалки и по пет часа потрага момчето било лоцирано и спасено!„Ова веројатно му беше последна шанса по пет дена во дивината“, изјави функционерот Муца Муромбези.Неверојатната приказна го обиколи светот, а милиони му аплаудираа на момчето за неговата издржливост и умешност.„Неверојатно е. Бев во тој парк минатата година и ги видов најстрашните лавови “, напиша едно лице, додека друго додаде: „Да бев филмски режисер, со оваа приказна ќе заработев милиони“.