Таа е една од најубавите жени на сите времиња, позната по својот талент, природен изглед, но и харизма.
Сите оние кои можеби заборавиле колку е волшебна сигурно се сетиле на оваа славна италијанска убавица кога се појави како Бонд девојка во едно од познатите продолженија на филмот за тајниот агент 007.
Моника тогаш имаше полни 50 години и лесно можеше да застане рамо до рамо со нејзините двапати помлади колешки, кои се појавија во улогата на Бонд девојки.
Исто така, актерката е поддржувач на негување на природен изглед, таа никогаш не направила естетски третмани или држела ригорозни диети.
Нејзината убавина е секако нешто што, колку и да напорно се обидуваме да го користиме секој нејзин трик, не можеме да копираме, но можеме да го копираме и нејзиниот став за тоа, но и да примениме некои од нејзините начини на негување.
Не бидете опседнати со тежината
„Ги прегрнав облините, природниот изглед и нема ништо посекси од самодовербата. Затоа е важно да го сакате вашето тело”
Негата на кожата да биде баш приоритет
“Мислам дека е исклучително важно кожата да дише. Јас секогаш ја отстранувам шминката целосно и го мијам лицето пред спиење. Сепак, сонот е уште поважен – за целокупниот изглед на кожата. Јас не прескокнувам ништо од тоа. Исто така се обидувам да пијам многу вода за очите да ми останат светли и сјајни“.
Не плашете се од стареење
“Не можам да кажам дека бев Бонд девојка, затоа што во тоа време не бев девојка, туку зрела жена. Мажите мислат дека од моментот кога жената не е повеќе плодна, старее. Тоа не е точно – жените сè апсолутно фантастични во секој период. Исто така е важно каков е вашиот став за стареење во целина. Ако на возраст од плус 45 години пробате да изгледате како да имате 30 години, бидете сигурни дека нема да го постигнете тоа. Прегрнете го вашето тело и вашиот изглед со годините кои ги имате и обидете се да се претставите најдобро што можете.
Изгледот воопшто не е сè!
“Јас сум свецна дека убавината предизвикува одредена љубопитност, но исто како што рече Оскар Вајлд: Убавината трае само неколку моменти ако немате со што да ја поткрепите таа љубопитност. Мислам дека не би можелa да се фалам за мојата кариера, ако бев само убава. Директорите не ве покануваат да работите со нив заради вашата убавина, туку заради вашиот талент “.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.