Неѓељко Ѓуровиќ од Пожаревац е уапсен само еден ден по стравичниот злочин, а во полиција го признал убиството на Милош Милеусниќ на Звездара. Во текот на сослушувањето ги шокирал сите кога рекол дека неговата жртва е сосема случајна и дека Милош бил првиот на кој наишол. Рекол дека бил нервозен, лут и бесен затоа што сфатил колку е несреќен и дека неговиот живот е безвреден, па решил да излезе на улица и да убие некого! Несреќниот Милош не го познавал ниту имале некаков контакт, дури ниту на социјалните мрежи.
Имено, Милош Милеусниќ, 24-годишен студент од Чачак убиен е во неделата наутро во белградската населба Звездара, кога се враќал дома од кај девојката. Напаѓачот го избодел со нож околу шест часот наутро, во ходникот на зградата во која живеел со својот цимер. Милош дури успеал да го стави клучот од станот во бравата, по што се онесвестил. По неколкучасовната борба за живот на Ургентниот центар тој им подлегнал на повредите. Соседите велат дека настраданиот Милош живеел во стан на првиот кат со цимерот.
– Живееја тука две или три години и делуваа како пристојни момчиња. Од нивниот стан никогаш не се слушна врева или викање, едноставно, беа студенти, фини и мирни момчиња, изјавиле соседите.
Соговорниците за српски “Курир“ наведуваат дека целата зграда се дигнала на нозе од одекнувањето на криците на повреденото момче.
– Слушнавме лелекања и плач. Дури подоцна дознавме дека се работи за соседот. Полицијата го одведе неговиот цимер, кој беше многу потресен, момчето буквално не знаеше каде се наоѓа, додале соседите.
Според сознанијата на добро упатениот извор Милош е син на угледно семејство од Чачак. Татко му е прочуен хирург во градот, мајка му е одличен стоматолог, а и неговата сестра студирала во Белград.