МОРАЛ ДА СЕ ЗАТВОРИ: Сите 26 вработени му дале отказ на газдата на ресторан

Ресторанот „The Shop“ во градот Трој, во американската сојузна држава Њујорк бил принуден да ги затвори своите врати откако сите 26 работници дале отказ во исто време поради одмазда предизвикана од долготрајни конфликти со сопственикот. Спектакуларниот потег се случил овој месец кога целата екипа му дало отказно писмо на сопственикот Кевин Блодгети.
Како што пишува њујоршкиот весник „Times Union“ вработените на газдата со креда на табла му оставиле порака дека треба да биде подобар.


Конфликтот настанал пред се поради платите. Ситуацијата ескалирала во август кога неколку од вработените откриле дека платите им биле намалени и почнале да бараат нова работа. “Чашата се прелила“ кога друштвото за исплата на плати “ MyPrayrollHR“ нагло престанало да работи, па банката со која соработувале автоматски им ги повлекол платите кои веќе биле уплатени на сметка на вроботените. После ова, газдата воопшто не се појавил и преку менаџерот им порачал своите права да си ги бараат кај банката.
Менаџерот Џаред Бартон веднаш после тоа реагирал:
„Навистина повторно нѝ покажа дека не е способен да работи со неколку луѓе“ – изјавил Бартон за весниците.
Инаку, мотото на ресторанот било “работете напорно и останете скромни“ .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.