Мора да знаете која крвна група сте – Еве зошто?

Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на сите луѓе. Таа може да влијае на целиот ваш живот, но многу луѓе сепак не знаат која крвна група се всушност.
Затоа тоа би требало да се промени, односно во продолжение прочитајте зошто треба да знаете која крвна група сте вие.
Крвната група дава подлабок увид во вашата генетика
Познавањето на крвната група може да ви помогне да разберете како вашето тело реагира на одредена храна, може да ви открие на кои болести сте подложни, како реагирате на стрес, како стареете и уште многу работи.
Само една капка крв е единствена, исто како и отпечатокот од прсти
Значи, крвната група може да ви служи како еден вид на „алатка“, која ќе ви одреди што е добро, а што е лошо за вас, па на тој начин полесно ќе можете да си го одредите начинот на исхрана кој вам најмногу ви одговара.


Истражувањата покажаа дека кај луѓето со одредена крвна група, постои поголем ризик од одредени болести. На пример, кај лицата со нулта крвна група постои помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од појава на чир на желудникот.
Лицата со крвна група А имаат поголем ризик од микробни инфекции, додека кај жените со крвна група А забележана е поголема стапка на плодност.
Крвната група помага во одредувањето на начинот на исхрана
Антигените (молекулите кои поттикнуваат создавање на антитела), кои и припаѓаат на вашата крвна група, не се наоѓаат само во крвта, туку тие се проширени по целиот организам, посебно во деловите од телото кои се во интеракција со околината.
Ова го вклучува системот за варење, од устата до дебелото црево, како и дишните патишта и белите дробови. Во однос на тоа дека антигените ги има насекаде, тие влијаат на тоа како телото реагира на храната која ја јадете.
Поради тоа, познавањето на крвната група може да ви помогне во одредувањето на најздравиот начин на исхрана за вас.
Познавањето на крвната група може да ви го спаси животот
Најважната причина поради која би требало да знаете на која крвна група и припаѓате, всушност е тоа што овој податок може да ви го спаси животот во случај на сообраќајка или некаков друг вид на несреќа, кога ви е потребна трансфузија на крв.
За да ја дознаете крвната група, една опција е од докторот да добиете упат за таа постапка, а друг начин е доброволно да дадете крв, каде ќе ви ја откријат и крвната група.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.