Морничави сцени од Тбилиси! Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, пиротехника лета на сите страни (ВИДЕО)

Грузиската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера проевропските демонстранти во Тбилиси, кои протестираат шести ден по ред.Водните топови накратко предизвикаа паника, но демонстрантите брзо продолжија со пукање со пиротехнички средства и огномети кон полицијата, која потоа употреби солзавец.Неколку илјади луѓе се собраа вчера во Тбилиси и други градови во Грузија на демонстрации против владата, која ја сметаат за проруска и антиевропска.Уличните демонстрации, кои собраа илјадници демонстранти неколку ноќи по ред, беа поттикнати од одлуката на владата да ги одложи амбициите на земјата за влез во Европската унија до 2028 година.
A large number of riot police are deployed to disperse protesters on Rustaveli Avenue in Tbilisi 🇬🇪. Pro-EU protests continue across Georgia for the 6th consecutive day. pic.twitter.com/tMh4Mtceki— Giorgi Revishvili (@revishvilig) December 3, 2024
Грузија, поранешна советска република, е во превирања по парламентарните избори одржани на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон на власт од 2012 година. Сепак, опозицијата ги осуди изборните нерегуларности и ја бојкотира работата на новиот парламент .Уставниот суд на Грузија вчера го одби барањето за поништување на парламентарните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: