сабота, 28 ноември 2026
Најново

Морничав напад врз генералот на Путин: Ампутирани му се раката и ногата!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Генерал-потполковник Еседули Абачев, кој беше лично одликуван од претседателот на Русија Владимир Путин, беше тешко ранет во напад врз руски конвој во Курската област ноќта помеѓу петокот и саботата.Се верува дека нападот во ноќта помеѓу 16 и 17 август го извршиле украинските сили. Нападот се случил на автопатот Рилск-Хомутовка, во кој Абачев се здобил со тешки повреди.Станува збор за заменик-командантот на северната група руски трупи.Абачев бил префрлен во Централната клиничка болница Вишневски во Москва, каде што му биле ампутирани раката и ногата, пишува „Украинска правда“.

Британскиот „Сан“ пишува дека Абачев има 57 години и е одликуван офицер. Проруски извори јавуваат дека е жив, но дека сè уште е во сериозна состојба, пренесува Јутарњи лист.Во текот на последните децении, Абачев бил вклучен во речиси секоја војна на Кремљ. Дипломирал на Високата школа за тенковска команда во Харков во 1989 година, а потоа се борел во ерменско-азербејџанскиот конфликт, Втората чеченска војна, руската интервенција во Грузија во 2008 година и во Сирија, а од 2022 година играл важна улога во руската интервенција во Украина.За секој од овие подвизи, Путин лично му го додели Орденот за храброст.

Поврзани вести