МОРСКИ ЛАВ РАСПАРЧИ АЈКУЛА: Неверојатна снимка од судир на предатори, борбата траела 3 минути, посетителите биле вчудовидени (ВИДЕО)

Камерата го сними моментот кога морскиот лав искина на парчиња ајкула пред зашеметените посетители на плажа.

На видеото може да се види како морски лав ненадејно зграпчува сина ајкула за врат веднаш до брегот во заливот Монтереј, Калифорнија, а потоа со сета сила ја исфрла од водата.

Неверојатен момент снимила Лори Хеспе која дошла да ги гледа китовите во водите на заливот.

  • Вакво нешто не сум видела во животот. Бев апсолутно шокирана и изненадена. Нападот траеше вкупно околу три минути пред да дојде до својот брутален крај – изјави Хеспе за локалните медиуми.

Морските лавови се опортунистички предатори што значи дека одат на лесни оброци. Тие може да вклучуваат лигњи, харинга, но дури и помали ајкули.

Морскиот лав на Стелер или северниот морски лав може да порасне три и пол метри, а нивната тежина може да достигне 1.200 килограми пред сезоната на парење. Мажјаците обично се многу поголеми од женките и имаат подигнато чело наречено сагитален гребен што создава висока круна.

Повеќето возрасни сини ајкули се долги околу два метри и тежат речиси 200 килограми, па морскиот лав во шокантното видео имал огромна предност во силата.

За време на сезоната на парење, морските лавови можат да бидат агресивни кон луѓето. Два морски лава бркале посетители на плажа од плажата во познатиот залив Ла Јола во Сан Диего кои се обидувале да ги фотографираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.