Москва му порача на Вашингтон: Не нè тестирајте, одговорот ќе биде многу поостар

Веројатноста за вооружен конфликт меѓу Русија и Америка зависи од идните чекори на Вашингтон. Америка залудно мисли дека обидите да се тестира силата на Москва нема да предизвикаат многу поостри контрамерки од сегашните, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Запрашан дали подготвеноста на Русија да ѝ се спротивстави на Америка во долг временски период значи дека се размислува не само за политичка, туку и за воена конфронтација, Рјабков истакна дека тоа е „несомнено“, поточно сеопфатно, од сите гледни точки.

– Ги предупредуваме да се воздржат од понатамошна ескалација. Невозможно е бескрајно да се играат оние геополитички игри кои тие долго време ги играат и кои, всушност, предизвикаа избивање на конфликт и безбедносна криза во евроатлантскиот регион. Тие погрешно мислат дека бескрајните обиди за тестирање на нашите сили нема да доведат до остри контрамерки, многу поостри од оние што веќе се применуваат – предупреди Рјабков.

Тој, исто така, рече дека Русија прави многу за да се одбрани од едностраните санкции кои погодија толку голем дел од пазарот и рече дека максимална мобилизација и промоција на она што е потребно за да се спротивставиме на „сериозниот противник кој донесе одлука да нанесе стратешки пораз од Русија“.

– Сето тоа го правиме многу ефикасно, а единствениот наш интерес е да го зачуваме мирот во општеството и, ајде да го кажеме така, да создадеме еден вид ѕид зад кој ќе се развиваме без да се плашиме од непријателските изливи на Америка и нивните послушници. Таквиот пристап стана основа за сите одлуки кога станува збор за политиката кон Америка“, заклучи Рјабков.

Пронајдете не на следниве мрежи: