Москва предупредува дека Блискиот Исток е на работ на војна по убиството на Ханија

Москва остро го осудува убиството на Исмаил Ханија, шефот на политичкото биро на палестинското движење „Хамас“, рече на брифинг Андреј Настасин, заменик – портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

Русија денеска соопшти дека Блискиот Исток е на работ на голема војна и дека клучните играчи продолжуваат да ги зголемуваат влоговите.

„Во моментов, регионот е на работ на глобален конфликт. Земјите продолжуваат да ги зголемуваат влоговите, рече Настасин. Според него, нема изгледи за промена на динамиката на случувањата во регионот.

Според Русија, „манијакалната желба“ на САД да го монополизираат процесот на политичко решение на Блискиот исток доведе до ваква ситуација, јавуваат светските агенции.

„Остро го осудуваме убиството на Исмаил Ханија, шефот на политичкото биро на палестинското движење „Хамас“, како резултат на ракетен напад врз неговата резиденција во Техеран. Очигледно е дека организаторите на ова политичко убиство беа свесни за опасните последици од оваа акција за целиот регион, рече рускиот дипломат.

Пронајдете не на следниве мрежи: