Москва со осуди за нападот во Либан

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Руската Федерација најостро го осудува „нападот без преседан“ врз Либан и неговите граѓани и ги повикува сите инволвирани страни да покажат воздржаност за да се спречи понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодираа истовремено во вторникот во Јужен Либан, а Хезболах денеска соопшти дека бројот на загинати во експлозијата на пејџер се искачи на 12 откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, објави „Тајмс оф Израел“.

Русија го гледа тој инцидент „како уште еден чин на хибридната војна против Либан, во која загинаа илјадници невини луѓе“, рече таа, пренесува ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи: