Москва ја поздрави пораката на Трамп за нов лидер во Украина

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, оцени дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина треба да добие нов лидер претставува „пресвртница и историски момент“.

Во објава на Икс, Дмитриев ја поздрави пораката на Трамп дека на Украина ѝ е потребен лидер „кој може да постигне договор“.

„Претседателот Трамп им се придружи на многумина кои веруваат дека на Украина ѝ е потребно лидерство кое навистина е фокусирано на мирот. Време е Украина да добие нов претседател“, напиша Дмитриев.

Тој оцени дека изјавата на Трамп е „значајна и историска“.

Дмитриев е еден од руските претставници кои учествуваа во разговорите со САД поврзани со можностите за прекин на војната во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: