РУСИЈА СО МУЗИЧАРИ на фронтот во ЌЕ ГО ДИГА моралот на војниците

Руските власти имаат намера да распоредат музичари на првите линии на фронтот во Украина, во обид да го подигнат моралот на војниците.

РУСИЈА СО МУЗИЧАРИ на фронтот во ЌЕ ГО ДИГА моралот на војниците

Министерството за одбрана на Русија најави формирање на „првата уметничка бригада“, велејќи дека во неа ќе бидат вклучени пејачи и музичари.

Според руското гласило РБЦ Њуз, бригадата ќе ја сочинуваат војници мобилизирани за време на неодамнешната регрутација, како и „професионални уметници кои доброволно се приклучиле на воената служба“.

Задачата на новата единица е да одржува „висока морална, политичка и психолошка состојба меѓу учесниците во специјалната воена операција“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Британското разузнавање, кое и во еден од последните извештаи посои дека „нискиот морал останува значителна ранливост за голем дел од руските сили“, посочува дека уметничката бригада има историски корени, односно дека и во минатото воената музика и организираната забава се користеле за подигање на моралот на војниците на бојното поле, како што направија Американците за време на Виетнамската војна, на пример.

Британците, сепак, сметаат дека е под знак прашање дали новата руска бригада навистина ќе го одвлече вниманието на руските војници на фронтот, кои, според британското разузнавање, првенствено се загрижени поради „многу високата стапка на жртви, лошото раководство на фронтот, проблеми со платите, недостигот на опрема и муниција и нејасните цели на војната“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.