Авион Ербас А321 на руската компанија „Урал ерлајнс“ синоќа принудно слетал на меѓународниот аеродром во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.Ова го соопшти Министерството за цивилно воздухопловство на Египет.Локалните медиуми јавуваат дека причина за принудното слетување е технички дефект кој бил пријавен веднаш по полетувањето.– Авионот со 236 патници тргна од Шарм ел Шеик за рускиот град Екатеринбург – соопшти египетското Министерство, кое потврди дека сите патници се безбедно префрлени во зградата на аеродромот.
An Ural Airlines plane made an emergency landing in Sharm El Sheikh due to engine problems. The Airbus A321 took off for Yekaterinburg with 236 passengers but reported a malfunction just 10 minutes in, requesting to return. pic.twitter.com/iE5m2B0m78— Ateo Breaking EN (@AteoTelegram) January 4, 2025
Се известува дека пилотот побарал дозвола за итно слетување само десет минути по полетувањето, при што пријавил технички проблем со еден од моторите.