Мотоциклист излетал од патот Прилеп-Градско, со тешки повреди бил пренесен во болница

Прилепчанец со мотор излетал од патот Прилеп-Градско при што се здобил со тешки повреди.

„Вчера во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник. По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: