На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш, мотоцикл управуван од М.Д.(27) од Радовиш излетал од патот и удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.