Мојата голема индиска свадба

Во индискиот град Мумбај вчера започна свадбата на 27-годишната Иша, ќерка на еден од најбогатите луѓе во Индија, тајкунот Мукеша Амбани, и 33-годишниот Ананд Пирамал, син на уште еден милијардер. Прославата на венчавката ќе трае 10 дена, а за своите гости Амбани закупил дури пет луксузни хотели со пет ѕвезди во индискиот град Удајпур, каде гостите ќе ги пренесуваат дури 100 луксузни авиони. Меѓу многубројните гости се нашле и Бијонсе и Хилари Клинтон. Ова, најверојатно ќе биде една од најскапите венчавки во историјата, која наводно ќе чини повеќе од 100 милиони долари, колку што чинеше и венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана.
Главната церемонија ќе биде одржана во домот на Амбани во Мумбај, кој има дури 27 ката, а по венчавката младенците ќе се преселат во вила Гулита во Мумбај, вредна 64 милиони долари, чија внатрешност е обложена со дијаманти.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.