Јована Мојсоска од Левица во гостување на телевизијата „Клан МК“ зборуваше за „непотребното оптоварување на администрацијата со партиски кадри на заменик-директорски функции“. Таа вели дека партијата го поддржала укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници.
„Имаше закон за укинување на Економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие Економски директори стануваат советници на директорите“, рече Мојсоска, додавајќи дека намалувањето на администрацијата била „уште една предизборна лага на Власта“, која наместо да ги укине заменик-директорите, во Царината, на пример, воведе два заменик директори, за да има вакво столче и за „Вреди“ и за ЗНАМ“.
„Министерот Мисајловски имаше изјава дека ќе се намали администрацијата и дека ќе се укинат заменик директорите во сите институции. Па ние гледавме во собрание, без тотално рационално објаснување се изгласа трет директор за царина на ЗНАМ“, додаде Мојсоска.