- Фејсбук статус на пратеничката и Генерален секретар на Левица- Јована Мојсоска, по однос на линчувањето на млади луѓе и студенти од страна на функционерите на власт, пред се од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат правда за прерано згаснатите животи на нивните врсници во Кочани:
Кога го гледам вмровскиот линч кон млади деца кои никогаш не биле дел од овој трул систем, просто се чудам како младите уште не го изгаснале светлото во оваа територија на смртта (не држава, одамна не сме тоа). Бидејќи на сопствена кожа го имам почувствувано гнасниот вмровски СПИН и манипулации, ова ми е веќе видено сценарио од истите паразити кои 35 години профитираат и егзистираат од овој систем кој сее смрт на секој чекор.
Кога Ѓорѓе Иванов без преседан амнестираше 50 високи функционери (меѓу кои и моќникот МИЈАЛКОВ како клучен играч на Северна), младите се собраа да протестираат и да го искажат револтот. Беа апсени и малтретирани студенти на протестите, што уште толку го навлече гневот кај младите. Тогаш јас ја добив фамозната КРИВИЧНА пријава за графит на наводен објект на културно наследство и истите куртон медиуми од денес ме линчуваа дека сум вршела вандализам.
ГРАФИТОТ НЕ БЕШЕ НА ОБЈЕКТ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАТОА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА БЕШЕ ОТФРЛЕНА. Ама, истите апологети кои денес линчуваат и спинуваат и тогаш максимално се потрудија да ме оцрнат и мене лично. Затоа што, оние кои 35 години го градат овој систем не бираат средства и методи да го угушат отпорот против овој систем.
Пораката на графитот беше симболична: ,,Затвор за фашистите – СЛОБОДА за студентите”. И денес посакувам студентите да се ослободат од овие крлежи кои 35 години ни ја цицаат иднината!
