Мојсоска до Мицкоски: Истражете си ги криминалите на коалициониот Касами – Не им се плашевме на Груевски и Заев, не ви се плашиме ни вам!

Пратеничките прашања (како контролен механизам на опозицијата) се претворени во поле за напади и закани од една авторитарна власт. Денес, по којзнае кој пат, премиерот наместо да одговара пред пратениците за трагедијата во Кочани, тој од собраниска говорница се стави повторно во улога на обвинител и МВР со празни закани кон опозицијата – само за да избегне одговори за јавноста! – реагира во објава на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Денес од собраниска говорница, Мицкоски повика органите на прогонот кривично да ја гонат единствената легитимна ОПОЗИЦИЈА, затоа што купила објект со КРЕДИТ?! Оние кои изградија бела палата-дивоградба во стилот на Луј Витон и кои се најбогатата партија во Европа, денес морализираат за единствениот објект кој Левица го поседува и тоа на кредит (за разлика од имотите на ДПМНЕ кога и ниви и пасишта купуваше).

Бидејќи премиерот Мицкоски лично сака да се занимава со имотни прашања, еве му добронамерен апел: нека испита како неговиот коалиционен партнер КАСАМИ продава земјиште за 79 денари метар квадратен во центарот на Тетово.

П.С. Ниту на Груевски, ниту на Заев, ниту вас ви се плашиме, напиша Мојсоска на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: