Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за прелогот на Левица за дуплирање на породилното отсуство, по што со објава на Фејсбук реагираше пратеничката Јована Мојсоска.
Во продолжение нејзината објава:
– Влада која има измислено функција за “национален координатор за демографија” – НЕ гласаше за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци!
Иако, истиов закон за зголемување на породилното отсуство го има поднесено ДПМНЕ во 2017 година, за сега ИСТИОТ предлог да не го гласа. Само еден фрапантен податок е доволен за демографската катастрофа која и’ се случува на Македонија:
– во 1994 година се регистрирани 31.421 живородени деца;
– во 2023 година бројот се симнал на најниски 16.737 деца.
И не, не е крив системот. Криви се ваквите народни избраници кои егзистираат и профитираат од аномалиите на системот. – напиша Мојсоска.
