Мојсоска за случувањата во Чашка: Тоа е приоритетот на Шаќири, на директорката Николова и на најнеспособната багра на власт!

Пишува на социјалните мрежи Јована Мојсоска од Левица:

Ова е директорката ЕЛЕНА НИКОЛОВА, која по незаконските барања на Шаќири се обидува насилнички да направи паралелка на албански јазик во општина Чашка!

Човекот обвинет за обид за атентат врз Трамп се изјасни дека не е виновен
Педест и осум годишниот маж обвинет за заговор за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на неговиот терен за голф на Флорида, денеска се изјасни за невин. Рајан Рут, кој …
НАТО испраќа дополнителни сили на Косово
Околу 200 припадници на новоформираните сили за реакција на сојузниците (АРФ) ќе бидат распоредени на Западен Балкан од 30 септември до 16 октомври оваа година за да спроведат обука и да …

Најнеспособниот министер за образование, наместо да даде оставка што уште една година учениците завршуваат без учебници – истиот со кршење на законите врши дополнителна сегрегација на (и онака) поделенето македонско општество. Иако не се исполнати законските услови за воведување паралелка на албански јазик, послушничката на Шаќири по секоја цена воведува паралелка, само за да ги исполни сегрегирачките барања на ДУИ.

Тоа е приоритетот на Шаќири, на директорката Николова и на најнеспособната багра на власт – насилничко кршење на законите додека учениците немаат од што да учат. Ако се дозволи отворање на албанска паралелка спротивно на законите, тогаш сите етникуми имаат право да го побараат истото – па после да не се чудите зошто пола деца не можат ни да го разберат јазикот на државата во која се родени!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.