Комитите од Али Експрес осум години еден филџан не фрлија во Собрание, пишува на Фејсбук генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, коментирајќи ги денешните настани во Собранието.
- КОЈ КОГО МРАЗИ, КОЈ ВО СУДНИЦА ИМА УЛИЧАРСКИ ГОВОР? Жестока кавга меѓу Весна Дамева и судијата Нанев
- ПОВЕЌЕ ОД 100 ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Има загинати и уништени се илјадници хектари шума
- Полицијата трага по скопјанец кој имал здравствени проблеми
- Прашање до власта: Озбилно, а кога ќе почнете да работите?
- Кремљ му порача на НАТО: Опасно е да се игнорираат зборовите на Путин
– За тие што не им е јасно…
Антимакедонското трио ДПМНЕ-ДУИ-СДС заеднички гласаа ПРОТИВ предлогот на Левица да се тргне точката за Деловникот од дневен ред. Со ваквото гласање, овие три аждаи го УКИНУВААТ ФИЛИБАСТЕРОТ и секоја опозиција во иднина ја сведува на ФАРСА!
Само двајца пратеници на Левица покажаа ПРКОС и достоинство. Осум години во опозиција, комитите од али експрес еден филџан не фрлија додека пред нивни очи и со НИВНО СОУЧЕСТВО се рушеше македонизмот.
Денес ДПМНЕ по не знам кој пат докажа дека е подеднаков учесник во разнебитувањето на македонската нација. Денес ДПМНЕ докажа дека ЛАЖЕН ПАТРИОТ Е ПООПАСЕН И ПОШТЕТЕН од отворен предавник.
И нема договор, ниту компромис со оние за кои Републиката е калкулација! – напиша Мојсоска на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.