Овој природен здрав напиток многу брзо ќе ви ја врати потребната енергија…
Состојки:
– 3 излупени портокали
– 1 лажица ленено масло
– 1 дл ладна вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте. Ако немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокалите и во него додадете го маслото и водата и добро измешајте.
Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а лененото масло е тука за да го забави разредувањето на овошниот шеќер од портокалите во крвотокот и на тој начин да обезбеди рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.
Овој сок може да ви помогне во превенцијата на кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажаа дека редовното користење на ленено масло го намалува зголемениот крвен притисок.