Моќна комбинација: Два зачини кои може да ви го спасат животот

Освен што го спречува ширењето на карциномот, оваа комбинација ги ублажува и болките, а ги намалува и симптомите на депресија.
Куркумата е зачин кој има многу благотворен ефект врз организмот. Меѓутоа, телото не може во целост да ги апсорбира сите хранливи материи бидејќи многу брзо се разградува во цревата и црниот дроб. Поради тоа, куркумата би требало да се конзумира во комбинација со бибер.
Имено, црниот бибер значително ја зголемува апсорбацијата на хранливите материи од куркумата.
Според резултатите од студијата која ја спровеле научници од Универзитетот во Мичиген, оваа мешавина може да делува и превентивно на појавата на рак на дојката.


Помага во процесот на слабеење
Комбинацијата од куркума и бибер е многу ефикасна во процесот на слабеење. Биберот содржи супстанција наречена пиперин, која го забрзува метаболизмот и го зголемува бројот на согорени калории. Некои студии покажале дека биберот може да го продолжи чувството на ситост и со тоа да го намали прекумерниот внес на калории.
Го намалува воспалението и ги ублажува болките
Две активни состојки во овие зачини, кркуминот и пиперинот, имаат ефект на ублажување на болките и намалување на воспаленијата во организмот.
Ги намалува симптомите на депресија
Овие два зачини содржат супстанции кои во мозокот го зголемуваат нивото на допамин и серотонин, хормонот на среќа.
Штити од рак
Истражувањата покажале дека пиперинот кој се наоѓа во биберот може да ја зголеми апсорцијата на куркума дури 1000 пати. Со оглед на тоа што куркумата е одличен зачин, кога станува збор за превенција од канцер, тоа е уште една причина за да ја консумирате комбинацијата од куркума и бибер.
Биберот и куркумата можете заедно да ги додадете во пијалоци, салати и други јадења. Исто така, можете да измешате и половина лажичка куркума и ¼ лажичка бибер и да ги испиете со малку вода. Оваа комбинација консумирајте ја два пати дневно, наутро и навечер. Пред употреба на природни лекови, консултирајте се со вашиот лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.