Време е на годишните одмори и вистинско време да се посветите на себе во вистинската смисла на зборот. Одвојте време да го препородите организмот, да го вратите сјајот на лицето, да ја затегнете кожата и да заблескате. Најдобар начин за рестарт на целото тело е секако детокс кој ќе трае недела дена.
Одредени намирници се толку можни што неверојатно брзо ќе ги исфрлат сите отрови кои се насобрале во цревата и ќе го забрзаат метаболизмот.
Затоа трудете се овие намирници да ги консумирате што почесто и за неколку дена ќе приметите драстична разлика. Ќе изгледате посвежо и поодморено, а ќе имате и многу повеќе енергија.
1. Ѓумбир
Познат е како чудотворна намирница која во изобилство има витамини и минерали, па така ги извлекува отровите од организмот.
2. Лимон
Најдобро би било секое утро во чаша со млака вода да исцедите еден лимон и на тој начин да го започнете денот. Вака ќе го поттикнете метаболизмот, но и разградувањето на масните наслаги.
3. Зелен чај
Зелениот чај е полн со антиоксиданси. Антиоксидансите ги чуваат нашите органи од слободните радикали, а тоа е добар начин да се хидрирате доколку не сакате постојано да пиете само вода.
4. Морков
Морковот е богат со глутатин и е еден од најмоќните зеленчуци за детоксикација. Морковите се преполни со бета-каротен и витамин А. Тие имаат одлични бенефити за кардиоваскуларниот систем и помагаат во севкупната функција на имунолошкиот систем.
5. Краставица
Краставицата ја поддржува функцијата на дигестивниот систем и го прочистува црниот дроб. Таа помага за добро да се хидрираме и се однесува како природна диуретска намирница, што значи дека му помага на телото да се произведе повеќе урина за токсините и другите отпадни материи да се отстранат од цревата и крвта.