Фотографија на која жена седи сосема сама пред полицискиот кордон кружи на социјалните мрежи по протестот на Видовден што се одржа во Белград на покана на студентите, а огромен број граѓани излегоа на улиците на главниот град против власта предводена од претседателот Александар Вучиќ.
По протестот имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, многу повредени и приведени.
На фотографијата се гледа како жена седи тивко на асфалтот пред полицискиот кордон, сосема сама.
„Моќта на жената“, „Таа застана пред најголемиот срам на Србија. Секој што носи значка е најголемиот срам на Србија“, се вели во коментарите под објавата што собра илјадници лајкови.



