Моќта на љубовта која ја дава кучето: Цела година по смртта на сопственикот, тоа го чека пред болница

Женката по име Маша секојдневно го посетувала својот болен сопственик во болница во Сибир.
Дури и кога починал, таа продолжила да доаѓа, а залудното чекање траело повеќе од година дена.
Меѓу персоналот на болницата во Новосибирск сите ја знаат судбината на Маша и во ходникотѝ поставиле кревет и храна. Лекарите се надеваат дека некој ќе ја вдоми.
-Тагата ѝ се гледа во очите. Таа не изгледа како останатите среќни кучиња. Животните се исти како луѓето, вели др. Владимир Беспалов.


Едно семејство се обидело да ја одведе Маша, но таа во три часот наутро избегала од нивниот дом и се вратила во болницата.
-Мислам дека никогаш нема да замине, рекла медицинската сестра Ала Воронцова.
Примерот на Маша е последен во низата кој зборува за неверојатната доверба и безусловна љубов на кучињата кон човекот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.