МПЦ-ОА има најголема заслуга во зачувувањето на македонскиот идентитет, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз на сите верници од православна верoисповед им го честита најголемиот христијански празник Велигден.

„Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ја има најголемата заслуга за зачувување на македонскиот идентитет низ вековите, за одржување на обичаите, традицијата и македонската сплотеност и единство на македонскиот народ.

Овој најголем празник Велигден, нека биде патоказ за нашето обединување и соочување со сите предизвици во ова турбулентно и низвесно време“, стои во честитката на политичката партија Демократски сојуз испратена до јавноста по повод Велигден.

Пронајдете не на следниве мрежи: