Шеесет и деветгодишниот убиец, од претходно познат на полицијата, на сослушувањето изјавил дека грабежот на неговата куќа во 2016 година кај него предизвикал омраза кон странците и кај него предизвикало психичко растројство, пренесува Ројтерс.
„Тој се опиша себеси како депресивен човек со самоубиствени мисли и тврдеше дека го чувал последниот куршум за самоубиство по злосторството“, додаде Бецку.
Убиствата беа извршени на 23 декември во 10-тиот арондисман во Париз, во близина на Курдскиот културен центар Ахмет Каја и во околните курдски продавници.
Во нападот загина една жена и двајца мажи, а три лица кои се полесно повредени во моментов се на болничко лекување.
Културниот центар Ахмет Каја е место за состаноци на Демократскиот центар на Курдите во Франција, главниот огранок на курдското националистичко движење и правен претставник на Курдистанската работничка партија – организација која е во војна со турската држава.
Убиството предизвика немири во француската курдска заедница, а илјадници луѓе ширум земјата вчера се собраа за поддршка на Курдите.
На митингот во Париз, група демонстранти се судрија со полицијата, која одговори со солзавец.