Мрачната вистина за знакот на Холивуд: Буквата „Х“ крие ужасна тајна!

Некакви катастрофи, токму тој знак прв настрадува, бидејќи е лесно препознатлив во целиот свет. Иако Холивуд нѐ асоцира на ѕвезди, гламур и слава, неговиот знак има и своја мрачна страна. Овој пат се работи за ужасната тајна што ја крие знакот на Холивуд, односно првата буква „Х“ (H).
Мрачната вистина за знакот на Холивуд: Буквата „Х“ крие ужасна тајна!
Лос Анџелес и денес денес е мета за сите кои сакаат да влезат во светот на филмот и да изградат кариера на големото платно, а така било и во минатото. Голем број актерки и старлети го „напаѓале“ Холивуд за да станат славни, а меѓу нив била и Милисен Лилијан Ентвисл – Пег. Пег била родена во Британија во 1908 година и со нејзините двајца браќа се преселила во Америка во потрага по слава.
Таа имала само една цел во животот: Да стане актерка. Иако во театарските кругови била позната и ценета како комичарка, таа никогаш не престанала да сонува за вистинска слава, како онаа што ја доживуваат филмските глумици. И покрај тоа што таа добила улога во филмот „13-тата жена“, нејзината улога била отфрлена од финалната верзија. Потоа, таа се изгубила во морето убави лица кои секојдневно пристигнувале во „земјата на соништата“.


Во 1932 година, актерката била скршена од неуспехот и се борела со депресија, па така одлучила да си го одземе животот. Се поздравила со нејзиниот вујко кому му рекла дека ќе оди на пијачка со друштво, но наместо тоа, таа се упатила кон брдото Ли и се искачила на знакот на Холивуд за којшто мислела дека на некој начин ѝ се потсмева во лице и ја потсетувал на нејзиниот неуспех.
Мрачната вистина за знакот на Холивуд: Буквата „Х“ крие ужасна тајна!
Пег се искачила на буквата Х и скокнала од неа. Наредниот ден била пронајдена од страна на случаен минува кој го пријавил случајот во полиција. Кај Пег било пронајдено и проштално писмо во кое, меѓу останатото, пишувало: „Преплашена сум и кукавица сум. Многу ми е жал за сѐ. Да го направев ова порано, сите би ги поштедила од болка.“


Така завршил нејзиниот сон за слава. Или можеби не. Многу луѓе потврдиле дека виделе дух на жена во бело во близина на знакот Холивуд, (Пег носела бел фустан таа ноќ) како изгубено талка на брдото или лебди над земјата. Други тврделе дека виделе маглива фигура како се качува на буквата Х и паѓа од неа, но пред да удри во земјата, исчезнува.
Приказните за несреќната Пег толку многу се прошириле што некои луѓе воопшто не сакаат ни да му се приближат на холивудскиот знак. Ловците на паранормалното често го истражуваат местото каде што наводно се појавува Пег. Меѓу најпознатите е екипата на емисијата „Авантурите на духовите“ кои тврдат дека го снимиле гласот на покојната Пег и дека направиле неколку фотографии што не можат да се објаснат. Изгледа дека Пег сепак ја достигнала нејзината посакувана слава, но за жал, дури по смртта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.