Мрачна приказна: Ја киднапирале и ја пронашле врзана во автомобил

Таа е една од најпознатите ѕвезди на Холивуд и успешна бизнис жена. Иако после успешните филмови се повлече од јавноста, Џесика Алба е име и лице познато ширум светот. Последните години таа е сосема посветена на својата компанија The Honest Company и семејството, кое ѝ пружи утеха после тешкото детство.
Како што раскажа, на училиште ја нарекувале к**ва, а кога имала 15 години ја киднапирале. За тие трауматични настани и денес обдива да говори.
Во тоа време, 1996 година ја сними првата серија Flipper. Одеднаш започна да прима чудни телефонски повици. Во еден момент таа исчезнала, а никој во полни 14 часа не знаел каде се наоѓа. Таа била пронајдена со врзани раце и нозе, со превез околу очите и залепени усни во баганик на еден автомобил.

Поради тоа што не можела да даде информација за напаѓачите, случајот бил отфрлен, а на сите прашања одбивала да проговори барем досега.
Како девојче, Џесика била постојано болна, белите дробови во еден момент ѝ откажале, се борела со астма, имала воспаление на белите дробови и опсесивно-компулсивно нарушување.
Нејзиното семејство се сметало за “повторно родени христијани”, а црквата во која верувале не го одобрувала фактот дека Џесика е исклучително многу убава жена.
“Постарите мажи флертуваа со мене, а свештеникот говореше за тоа дека се облекував провокативно, а тоа не беше вистина. Поради тоа сметав дека јас сум виновна што мажите ме посакуваат, се срамев од своето тело и фактот дека сум жена”, рекла таа.
Иако нејзиното семејство било многу религиозно, признала дека одела на љубовни состаноци со момчиња, но се држела до едно правило, не спиела со никој од нив.
“Се сеќавам на едно момче на кое многу му се допаѓав. Беше толку досаден така што порачав хамбургер и го јадев на најлошиот можен начин, како свиња, дури и ждригнав. Но, него му се допаднав уште повеќе. Беше ужасно”.


За време на снимањето на еден филм, таа се заљубила во 12 години постариот колега Мајкл Ведерли со кој четири години била во врска. Тој ја запроси на нејзиниот 20 роденден, а нејзиното семејство воздивна кога ја прекинале врската.
“Бев многу млада кога започнавме да се забавуваме, имав само 18 години. Бев девица. Но, знаев дека сакам да спијам со некој кој го сакам, бидејќи сите ми рекоа дека првото искуство им било ужасно”, рекла Џесика.
На снимањето на филмот Fantastic Four во 2004 година го запознала актерот Кеш Ворен.
“Не е познат. Би можел тој да биде вистинскиот. Беше љубов на прв поглед, но го запознав додека бев во врска, па бевме пријатели”, рекла за Космополитан. Четири години подоцна се венчале во тајност, а Џесика била бремена.
Откако режисерите отворено ѝ дале до знаење дека таа треба да биде само убава, одлучила да ја напушти индустријата. Од 2012 година снимила само еден филм, а таа и Кеш имаат три деца, 10 годишната Онор, 7 годишната Хевен и 10 месечниот Хејс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.