Мрачни податоци на СЗО: За 24 часа, повеќе од 216.000 луѓе биле заразени со коронавирусот

Во претходните 24 часа во светот се регистрирани повеќе од 216.000 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 19,93 милиони, објави денеска Светската здравствена организација. 

Досега се регистрирани 732.499 смртни случаи, а 4,268 лица починале само во вторникот, јавува статистиката на ТАС С.

Статистиката на СЗО е заснована врз официјално потврдени податоци објавени од држави. 

Најголем број заразени лица сè уште има во Јужна и Северна Америка – 10,6 милиони. Во последните 24 часа регистрирани се 106.903 нови случаи, а 2,277 починати.

Вкупниот број на жртви во овој дел на светот е 390.850. 

Во Европа, 3,6 милиони биле заразени, а 217.000 починале. 

Во Југоисточна Азија се регистрирани скоро 2,7 милиони пациенти и над 54,000 жртви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.